Dark Mode Light Mode

Мицкоски: Ќе откриваме сомнежи за сторен криминал од Шилегов

Претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоцски преку Фејсбук објавува сомнежи за сторен криминал од страна на градоначалникот на Град Скопје.

Во продолжение ви ја пренесуваме објавата во целост:

– Вчера гореше над Галичник, опремата за гаснење пожар од 20 век (слика 1) во земја кандидат за Европска Унија во 21 век. Благодарение на жртвата на пожарникарите и армиските волци, пожарот е ставен под контрола.

Реклама

Во меѓувреме Петре Шилегов набави противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони €. Носител на набавката е Унгарска компанија…, да да компанија со седиште во Будимпешта (слика 2). Истата таа држава и град кои жестоко СДСМ ги анатемиса изминативе речиси три години, но бизнисот мора да врви. Додека пак врви бизнисот, а шумите горат, како партнер на Унгарската компанија се јавува истата компанија каде е косопственик зетот на секретарот на град Скопје. Чудно но вистинито, компанијата каде е косопственик зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов склучува договор со носителот на набавка во вредност од 33.244.500 денари или околу 540.000€ (слика 3). А да…, сигурно штабски без основа ќе демантира град Скопје дека во периодот од 2012 и 2017 истата компанија добила тендери во времето на ВМРО-ДПМНЕ, нешто помалку од 150.000€, (иако не во тоа време, туку денес, снаата е секретар на градот, а компанијата ќе демантира дека има странски капитал од 2017 година и не бил зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов единствен сопственик, но во деновите што следат ќе откриваме се повеќе сомнежи за сторен криминал на Петре Шилегов и ќе гледаме штабско препелкање во обид да се одбранат…, но крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи.

Ако се прашувате зошто има недостаток на противпожарна опрема, зошто бизнисот и полнењето џебови и е приоритет на власта.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Жена со повреди на главата пронајдена мртва во куќа во Охрид

Next Post

Бројот на починати од вирусот се доближи до 5.000, денес најмладиот е на 36 години

Реклама