Dark Mode Light Mode

Продолжува бојкотот на наставата на основците против дигитализацијата

Не престанува борбата на родители и ученици против брзата и наметната, како што велат, реформа за дигитализација на учебниците. Продолжува бојкотот на наставата, организиран преку иницијативата „Учебници и настава мора да има“. Тие испратија ултиматум до Министерката Мила Царовска и надлежните – доколку не се прекине постапката за донесување на законот, следуваат протести, бојкот и граѓанска иницијатива.

Бојкотот останува опција се додека Царовска не одлучи да ги сослуша, а барањата на оваа група вчера преку соопштение ги проследи до родителите, Драгана Спасевска, која ја води фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“.

-Бојкотот на наставата наиде на голема поддршка кај многу родители. Голем дел од нив пак, повикуваат и на излегување на улица и протести пред Министерството за образование и наука. Од утре продолжува бојкотот на наставата во сите училишта на Р. Македонија, со тоа што ќе биде пуштен допис до сите училишта со цел да се испочитува нашата одлука и да не се врши притисок до децата и родителите. Ќе се обратиме и до СОНК и до Бирото за развој на образованието. Затоа ве охрабруваме сите да се придружите кон бојкотот, со тоа што навремено ќе бидат известени сите инсистуции за продолжување на бојкотот, стои во вчерашното соопштение испратено од Спасевска.

Реклама

Инаку, на социјалните мрежи граѓамите се почесто споменуваат и барање на оставка од министерката. Останува да се види како ќе постапи Царовска.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

118 години од загинувањето на Гоце Делчев, животот го даде за Македонија

Next Post

Конечно ќе почне помасовна вакцинација, дури и ЕУ се сети на нас и ни праќа вакцини

Реклама