Dark Mode Light Mode

СДСМ контра Пендаровски: На 27 април се случи тероризам, а тоа го потврди и судот

Владеачката партија СДСМ денеска излезе со дијаметрално спротивен став од шефот на државата Стево Пендаровски во однос на настаните од 27 април 2017 година и упадот на граѓаните во македонскиот парламент.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната пресконференција, кога побараа од неа да каже каков е коментарот на СДСМ за ставот на претседателот Стево Пендаровски дека осудените од 27 апирл не се терористи, пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска рече дека тоа дело на 27 април дефинитивно било тероризам, а така одлучил всушност и судот.

-Она што се случи на 27 ми април беше рушење на уставниот поредок, сите бевме сведоци што се случи пред четири години, дека беше напад на домот на демократијата и за тоа си следеше судска постапка каде веќе делото е завршено и судот е оној којшто треба да одлучи дали станува збор за тероризам, насилство …., а веќе има одлучено и тоа е веќе завршена процедура во судството, рече Маркоска.

Реклама

Како натаму ќе се развиваат односите меѓу СДСМ, нејзиниот лидер и премиер Зоран Заев и претседателот Пендаровски, кој беше нивен кандидат на претседателските избори, останува да се види. Пендаровски до сега неколку пати имаше различни ставови од СДСМ. Неодамна, во однос на Законот за попис на населението Пендаровски рече дека му е несфатливо да не се прифати ниту еден амандман од опозицијата.

-Не можам да сфатам дали е можно, не знам колку амандмани беа поднесени за законот за попис од опозицијата и дека баш ниеден не беше конструктивен, макар некој технички, козметички. Ние мора да градиме култура на комуникација и култура на консензус, изјави тогаш Пендаровски. Во интервјуто за бугарската агенција „Бгнес“, пак, Заев го оквалификува Пендаровски како „Не толку искусен политичар“ а што потоа повлече реакција на шефот на државата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Две суви дрвца, двајца градоначалници, две години...

Next Post

За брзо возење на автопатот Скопје-Куманово и патот Арачиново-Куманово казнети 144 возачи

Реклама