Dark Mode Light Mode
ВМРО-ДПМНЕ: Кога можеше да се повтори судењето за Монструм, зошто да не се повтори судењето за 27-ми април?
Васил Стерјовски не успеа да стане пратеник, ќе чека да се ослободи пратеничко место на листата на Социјалистичката партија
Еден починат во сообраќајна несреќа

Васил Стерјовски не успеа да стане пратеник, ќе чека да се ослободи пратеничко место на листата на Социјалистичката партија

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, не успеа да обезбеди пратенички мандат на парламентарните избори, што се одржаа на 25 април во Албанија. Стерјовски, беше на 12-то место на кандидатската листа на Социјалистичката партија во изборната единица Корча.

-Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани од округот Корча и до сите Македонци од Албанија кои живеат и работат во Македонија и Грција, кои изразија желба на 25 април да дојдат и да гласаат за мене. За жал, Техничкиот комитет на експерти, во врска со мерките за заштита на населението за време на пандемијата со корона вирусот, четири дена пред изборите, воведе двенеделен карантин за секој што доаѓа од Македонија и Грција. Поради тоа, Македонците од овие држави немаа можност да дојдат во Република Албанија и да гласат за мене, изјави Стерјовски.

Според освоените гласови, тој е деветти по ред на листата, што значи дека не успеа да влезе во добитната листа, но е на листата на чекање. Доколку се ослободи место во текот на четиригодишниот мандат на новиот парламентарен состав  тој повторно ќе влезе во парламент.

Реклама

-За исправна ја сметаме одлуката на Македонска алијанса за европска интеграција за коалиција со Социјалистичката партија, бидејќи таа е апсолутен победник на овие парламентарни избори. Од новата влада на премиерот Еди Рама очекуваме поголема грижа и инвестиции за регионите каде живеат Македонците во Албанија, и вклучување на Македонците во институциите на системот. Ќе бараме решавање на многубројните проблеми со кои се соочуваат Македонците во Албанија, нагласува тој.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Кога можеше да се повтори судењето за Монструм, зошто да не се повтори судењето за 27-ми април?

Next Post

Еден починат во сообраќајна несреќа

Реклама