Dark Mode Light Mode

Поднесено обвинение за креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“

Две лица се обвинети за случајот „Јавна соба“, соопшти денеска Јавното обвинителство Скопје. Лицата на возраст од 32 и 21 година, се товарат за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија, предвидено во член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во денешното соопштение на Обвинителството се наведува дека во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата.

-Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете, се наведува во информацијата.

Реклама

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Во соопштението се наведува дека на социјалната мрежа „Телеграм“ оваа група веќе е згасната, а Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

Инаку, предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка. Основното јавно обвинителство Скопје преку Министерството за внатрешни работи на 27.01.2021 година се обрати до Меѓународниот сервис провајдер за услуги – Телеграм, за да ги добие реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Предлог на Комисијата: Полициски час од 21 до 05 часот, да работат само угостителските тераси

Next Post

Четири лица повредени при судир на возило и мотоцикл на ул. „Перо Наков“

Реклама