Dark Mode Light Mode

За Велигден ќе се „квачи“ одлуката дали ќе се фрли лопата за кулите кај ГТЦ

Дали ќе се суспендира планот за изградба на трите висококатници спроти „Холидеј ин“ или сепак ќе се гради ќе се знае до Велигден, но официјалната одлука ќе треба да ја донесе Советот на Општина Центар на седница после празникот. Ова последно го соопшти градоначалникот Саша Богдановиќ откако изминатиот период сите пораки и критики на стручните лица и на граѓаните се упатени кон него.

Празникот е доволно долг за да им слегнат работите и да ја донесат вистинската одлука за доброто на Скопје и скопјани.

Во меѓувреме не престануваат реакциите од мнозинството архитекти, жители на Центар и Скопје кои преку петиција и отворени писма едногласно се против висококатниците на оваа локација. Главните аргументи се дека сообраќајната инфраструктура на Скопје тоа не го дозволува, ионака тесните грла во центарот на градот, со евентуална градба би станале уште пострашни. Понатаму циркулацијата на воздухот која и сега е оневозможена заради градежната експанзија низ годините наназад, дополнително ќе го затвори просторот, и низа други аргументи за кои деновите претходно зборуваше јавноста.

Реклама

Богдановиќ стравува дека Центар ќе банкротира ако се суспендира планот, заради тоа што ќе треба да плаќа огромни суми оштета бидејќи инвеститорот веќе ги уплати комуналиите. Еко активистите и архитектите тврдат дека тоа можело да се спречи ако Богдановиќ сакал, наместо да дозволи парите за комуналии да легнат на сметката на општината. Сега инсистираат тој да бара од Министерството за транспорт и врски да се суспендира планот, во спротивно се заканија со тужби.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Расипан телефон на релација Влада - директорот Пауновски

Next Post

Претпладне сончево со малку облаци, попладне облаците ќе се намножат

Реклама