Dark Mode Light Mode

ИЈЗ: Опаѓа бројот на починати и на заразени, сите се со британскиот сој

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 12 до 18 април 2021, регистрирани сe 5.199 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е намалување од 24,3% во однос на минатата недела.

Намалување има и кај смртните случаи. Во овој период регистрирани се 206 починати лица од 26 градови, што е за 25,4% помалку во однос на минатата недела.

Во однос на возраста, 175 лицa биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, по 5 лица од возрасните групи од 40-49 и 30-39 години и еден од 20-29 години.

Реклама

Оваа недела тестирани се вкупно 21.763 материјали во лабораториите или за 20,4% помалку во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.086; 40,1%), со неделна инциденца – 337,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 397,4/100.000 е регистрирана во Битола.

Процентот на позитивност се движи од 15,3 до 27,9%, просечно 22,6 %.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.722, 33,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=919; 17,7%), 40-49 (n=882; 17,0%), 30-39 (n=835; 16,1%) и 20-29 (n=506; 9,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=95; 1,8%) и 10-19 години (n=240; 4,6%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи во споредба со минатата недела.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ се изврши секвенционирање на 48 селектирани SARS CoV-2 позитивни примероци, одбрани од периодот од 1 до 31март.

Резултатите од секвенционирањето покажаа присуство на британскиот генотип кај 98% од тестираните пациенти.

Дополнително, направено е скринирање за присуство на варијанти од посебно внимание на 200 пациенти кој детектира 5 варијанти, а доминантен сој застапен со 100% меѓу тестираните примероци е т.н британска варијанта.

Заклучно со 18.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.020 здравствени работници со прва доза и 6.750 со втора доза на вакцина против ковид-19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 73 години и заклучно со 18.04.2021 вакцинирани се 13.575 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18.376 лица.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претседателот на МАНУ: Деградацијата на образованието во Македонија е застрашувачка

Next Post

Инспекторатот за труд во вонреден надзор на Собранието: Мерките за заштита од ковид се спроведуваат

Реклама