Dark Mode Light Mode

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери

Неспособна да одговори на секојдневното одобрување и поздравување од страна на граѓаните на проектите на Град Скопје реализирани за само 3 години, ВМРО-ДПМНЕ фабрикува непостоечки афери, одговори денеска Градот Скопје на обвинувањата на опозициската партија. Во соопштението се реагира на обвинувањат ана партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој денеска рече дека градските тендери вредни десет милиони денари завршувале кај фирмата „Армор плус“ на зетот на секретарката на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, Димитар Петрески.

-Наведената фирма во денешната нивна прес-конференција е специјализирана за набавка на ХТЗ опрема за што потврдуваат и набавките на Град Скопје и пред доаѓањето на оваа администрација. Во прилог доставуваме и објави каде што јасно се гледа дека наведената фирма склучувала договори и во поголеми износи пред доаѓањето на актуелната градска администрација, се наведува во соопштението на Градот Скопје.

Во него се додава дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со бројните проекти кои сега се прават во градот какви што се воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз, изградба и реконструкција на булеварите, целосно исчистениот кеј на Вардар, новиот стационар за бездомни животни Лајка, развиената мрежа на велосипедски патеки, ослободени јавни површини, рекордите во ново градско зеленило.

Реклама

-Не можејќи да се помири со тоа ВМРО-ДПМНЕ измислува лаги, потенцираат од Градот Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Столиковски: Тендери од 10 милиони денари завршиле кај зетот на секретарката на Град Скопје

Next Post

Пратениците го изгласаа пакетoт на антикризни мерки, двајца пратеници гласаа во скафандери

Реклама