Dark Mode Light Mode

Зошто толку го мразат и Скопје?

Колумна на Владимир Величковски: 

Небото и земјата заболеа, а луѓето се збунети и исплашени, на граница на издржливост. Во партизирана држава правда има само за богатите, оние кои можат да потплатат секого и да ја добијат својата правда и право да прават што сакаат. Никој, од тие „горе“ на сака да го слушне „гласот на народот“, оние „долу“, затоа што е немоќен и замолчан. Што им се случува на децата? Тие слушаат за неправда, криминал и општ грабеж. Кога поетот Рембо можел да се храни со тврди парчиња леб, што ги вадел од ѓубре зошто тоа да не го прават и децата од нашата средина!? Тие питачат и може да бидат изложени нанасилство, некој ако посака може и да ги купи?!

Продолжуваат непречено неконтролираните и експлозивни процеси на урбанизација кои го уништија Охрид, но зошто толку го мразат и Скопје? Последиците од оваа дивеење најмногу ќе ги почувствуваат децата и внуците. Нив ги чека нов експеримент наречен „голема реформа“ во образованието или самобендисана изјава: училиштата за време на ковид-пандемијата се во „апсолутно стабилна состојба“. Слушнавме: некој си издајствувал право паркиралиштето спроти „Холидј ин“ да го насели со висококатници за да го дозагуши центарот на градот. Друг пример: покрај комплексот спортски терени на кејот (кај Карпош 3) има ливади кои „плачат“ за висококатници. И тоа ќе го направат.

Реклама

Дневниот партиски активизам е неуморен, мора нешто конкретно да се реализира, без оглед колку е бесмислено. Така почна да се демонтира една од непловечките бетонски „галии“ на Вардар, и тоа значело почеток на враќањето на „здравата естетика“ на градот, израз кој не знам што значи. Што ќе сторат повиканите и нивните анонимни советници со целиот тој урбан крш од проектот „Скопје 2014“, штетен и од еколошки аспект? Некој се досетил, задоцнето и помпезно да објави дека ќе биде обновена запуштената пошта од големиот пожар, дел од Телекомуникацискиот комплекс, и како требало да знаеме дека станува збор за значајно културно наследство. Никој, притоа, не кажа ниту збор како другите објекти ќе ги ослободат од кич антиквизирачките фасади и како мислат од тој тесен простор да ја истргнат толку насилно вметната катна гаража Солунски конгрес?

Еден гради, друг руши, а на помош повикуваме познати стручни лица од странство: народот, секако, тоа го плаќа. Некои, од интелектуалците, од кои може да се очекува и по некој мудар совет упорно одработуваат за „својата“ партија. Некој напишал, метафорично: таткото му предава лепешка на синот, а тој чин се повторува понатаму.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Успешно завршила првата трансплантација на бубрег, втората во тек

Next Post

Дебранец починал од труење со плин

Реклама