Dark Mode Light Mode

Што порача здружениот народ на протестот?

Колумна на Наташа Котлар-Трајкова:

Народната сила е неверојатна и неоспорна! Ако е доволно голема може сè, ако е пак, недоволна и мала ѝ можат другите сè. Така е и со нас, ние Македонците во историјата сме искусиле и од двете можности.

Но, за среќа вчерашниот народен собир, масовниот протест од различни луѓе, групи, здруженија, организации со различни стремежи и идеи, барајќи сложно правда и праведност, слобода, го покажа најубавиот израз на народната сила. Затоа и нападите од другата страна, онаа властодржачката, беа без аргументи со клевети и подзасилени со повикување на „меѓународната заедница“ и нејзиниот авторитет!

Реклама

Уф, ама биле силни и моќни… па и малите деца веќе им се смејат! Затоа, овде е местото уште еднаш да се потсетиме на ликот побратимски и на авторитарната северна власт! Тие со својот триумфалистички настап и политика ги прекрстија македонскиот народ и неговата држава – „Северена“. Асномските државотворни одлуки ги пеплосаа, со невешти и недоквакани договори – Охридски, Преспански, Бугарски и други, заради народносно, јазично, културолошко, идентитетско и суверенистичко негирање на македонската содржина во современото живеење.

Македонскиот народ, пак, сака да е свој на своето, да е здрав и да има со работа, а не да му ги затвораат и крадат фабриките, да е слободен, без арамилак и насилство (духовно, морално или физичко), без ограничувања и без протекторати, без престапнички и лицемерни партнерства, без егзодуси, eмигранти и контрабанди.

Неговата здружена порака е дека работи исклучиво за македонска кауза, говори и пее на македонски јазик, има своја историја – не заедничка, со што е дел од општоцивилизциската и светската баштина, а во семејството на нациите бара да опстојува достоинствено, рамноправно и еднакво како  и другите, без преседани од светски размери.

Затоа неговата борба е посветена, достоинствена, смела и продoлжува во сите услови, за живот, за подобро утре и за македонско изгрејсонце!

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе почнува ли полицискиот час во 21 часот?

Next Post

Заев ќе ја разреши ли и јавноста оти му пркоси за смената на Пауновски?

Реклама