Dark Mode Light Mode

Уште 30 дена притвор за Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Кривичниот совет во Основниот кривичен суд Скопје го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и донесе решение за продолжување на мерката за уште 30 дена бидејќи, како што велат од судот, сè уште постои опасноста од бегство.

Одбраната на бизнисменот има право да поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Реклама

Денеска неговиот адвокат Тони Менкиновски соопшти дека како одбрана поведуваат постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје за утврдување на незаконитоста на белешката. Тој тврди дека АНБ му ги прекршила уставните права на слобода и безбедност, на ефикасна и делотворна одбрана и на правично судење пред непристрасен трибунал. Оваа Агенција, според одбраната, немала надлежност да го следи бизнисменот бидејќи не станува збор за некаква закана по националната безбедност.

Камчев заврши во притвор на 14 март 2021 како осомничен во случајот „Плацови на Водно“. Мерката беше побара откако обвинителството доби белешка од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека бизнисменот се подготвува за бегство.

Во истрагата за „Плацовите на Водно“, покрај Камчев, осомничени се и експремиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков, кумот на Груевски, Ристо Новачевски, мајката на Камчев, Ратка Камчева и други.

Предметот се однесува на тоа дека со пари од членарина и партиски донации за ВМРО-ДПМНЕ биле купувани атрактивни плацови на Водно. Станува збор за земјиште од 11 000 квадратни метри и сума од 1,3 милион евра.

Неодамна, во рамки на истрагата обвинителството вршеше претрес и во станови што се поврзуваат со Груевски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ДУИ: 1.300 барања за државјанства од Албанци се во процедура, Села манипулира со високи бројки

Next Post

Заев за турата со мотори - му било ден за одмор, можел да прави што сака

Реклама