Dark Mode Light Mode

Шилегов: На Скопје не му е потребна нова тешка индустрија во Железара

Од Градот Скопје нема согласност за било каква тешка индустрија да се развие понатаму во рамките на комплексот на Железарница, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој одговори на новинарски прашање околу донесувањето на ДУП-от за три блока во овој комплекс а за што граѓаните стравуваат дека ќе се смести тешка и загадувачка индустрија. Вчера во Општина Гази Баба, на презентацијата на ДУП-от за блок 2,3 и 4 од С1, дојде до напната ситуација помеѓу презентерите и граѓаните кои сметаат дека веќе загадената општина уште повеќе ќе се загади.

-Деталните урбанистички планови кои што беа вчера предмет на јавна расправа во општина Гази Баба, не се доставени до Градот Скопје на мислење. Ние сме со став дека во нашиот град воопшто не е потребна тешка индустрија, за жал во некои други времиња било одлучено дека Железара треба да биде во срцето на градот. Од градот нема согласност за било каква тешка индустрија се развие понатаму во рамките на комплексот на Железарница. Меѓутоа ќе го дадеме нашето стручно мислење комисијата на градот, во моментот кога кај нас ќе бидат доставени деталните урбанистички планови. По редот на нештата тоа доаѓа по јавната расправа, рече Шилегов.

Инаку, загрижени граѓани во Гази Баба веќе започнаа и онлајн петиција за спречување на усвојувањето на овие ДУП-ови во општина Гази Баба. Во ДУП-от е наведено дека „согласно ГУП на Град Скопје основната намена е Г-производство, тешка и лесна индустрија.

Реклама

-За да е пострашна приказната во линија над комплексот ф-ка Железара во исто време се води постапка за три урбанистички проекти со намена Е 3.1 – постројки за термички, физичко – хемиски и хемиски третман на неопасен отпад, стои во петицијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ако дозволи законот, Владата ќе ги објави имињата на 58 тајни хонорарци

Next Post

Пасошите за криминалците биле со идентитет на нашици од дијаспората

Реклама