Dark Mode Light Mode

Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро за време полициски час, ќе следи кривична пријава

Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро рано утрово за време на полициски час, ќе следи кривична пријава, потврдуваат за МИА од МВР.

-Утрово во 2:20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендица лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро, појаснуваат од МВР.

Викендицата била во сопственост на 23 – годишно лице од Кавадарци. Таму биле затекнати четири лица, а по извршена проверка во близина на викендицата, пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот на објектот.

Реклама

Од МВР рекоа дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следи кривична пријава по чл.206 од КЗ на РМ.

Изминатиов период, со оглед на тоа што Тиквешијата е жариште на Ковид-19, постојано се апелира да се почитуваат превентивните мерки против коронавирус. Меѓу другото, се апелира и да нема масовни собирања.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со возило излетале од патот, повредени три лица од Охрид

Next Post

Во скопски ковид центри се лекуваат 703 пациенти, слободни 60 болнички легла

Реклама