Купишта отпадоци на повеќе различни локации долж течението на реката Лепенец деновиве беа забележани од страна на граѓаните. Насобрани шишиња, стиропори, кеси, кутии и други пластични материјали направиле мини депонии насекаде каде тоа го овозможува текот на ова реката во северо-западното подрачје на Скопје. Дел од отпадоците, кои не застанале, продолжуваат да течат по реката до нејзиниот влив во Вардар, а потоа и низ центарот на градот.
Ваква поразителна состојба деновиве забележале и повеќе скопски риболовци кои редовно рибарат во ова подрачје во атарот на село Волково.
-Изненадени сме од количеството на отпадоците кои сега се надобрани. Но, за жал, ова не е правпат. Во Лепенец редовно се собираат вакви отпадоци, а кои потоа, кога ќе се зголеми нивото на реката, течат натаму по Вардар, ни вели еден скопски риболовец.
Прашањето кое што се поставува е од каде доаѓаат и да се собираат толку отпадоци? Река Лепенец извира на Косово каде нејзиниот тек е долг 54 километри, а на македонска територија има тек од 21 километар од македонско-косовската граница па до вливот во Вардар. На македонска територија има само две населени места – Орман и Никуштак – од каде би можело да се фрлаат отпадоци во реката.
-Не е возможно од тие села да се фрлаат толку отпадоци. Тие доѓаат и од косовската теориторија, од несовесни граѓани кои фрлаат отпадоци во речното корито. При голем водостој тој отпад влегува на македонска теориторија и потоа продолжува, ни објаснуваат скопските рибиоловци.
Дали овие фотографии кои риболовците ги објавија на социјалните мрежи ќе иницираат да се постави прашањето и да се бара решението за загадувањето на Лепенец, останува да се види. Ситуацијата е повеќе од алармантна бидјеќи реката се претвора во голема депонија.