Dark Mode Light Mode

1.545 пациенти со ковид има во болниците низ државата, во Скопје се 657

Вкупно 1.545 пациенти се хоспитализирани во ковид-центрите низ државата, а од нив 657 се во Скопје, а 887 во другите градови. Денеска, според Министерството за здравство има 238 слободни кревети, од кои во Скопје се 56.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се примени 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Најмногу примени имало на Интерните и хируршки клиники-27, 20 нови пациенти се примени во ГОБ 8 Септември, а 8 на Инфективната клиника. Дома се пуштени 22 оздравени пациенти.Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 135 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, на Клиниката за детски болести има 18 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Во однос на ковид-центрите низ државата, и денеска најмногу пациенти има во Куманово-141 и во Прилеп-116. Во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти со ковид, на инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, а во Велес се лекуваат 70 болни. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 95 пациенти, во Гостивар 37, во Струга 14, во болницата во Струмица има 81 пациент, во Кочани и во Кичево по 28, Кавадарци 73, а во Гевгелија 27 лица, позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Македонија стигна втората пратка од руската вакцина „спутник в“

Next Post

Србија: 3.889 новозаразени со Ковид-19, 39 пациенти починале

Реклама