Почна денеска летното сметање на времето. Имено, тоа се случи со поместување на стрелките на часовникот за еден час напред ноќеска во два часот по полноќ.
Летното сметање на времето завршува на 31 октомври во 3 часот по полноќ.
Бече најавено дека оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.