Dark Mode Light Mode

За три години намалена е затворската казна на осудените за убиството на Никола Саздовски –Саздо

Од 19 на 16 години затвор е намалена затвроската казна за Бесир Бела и Скендер Демири, кои се осудени за убиството на Никола Саздовски – Саздо во јуни 2018 година во скопска Автокоманда. Ваква одлука донел Апелацискиот суд решавајќи по поднесената жалба. Веста за ова ја објави адвокатот на семејствата на жртвите Ванчо Шехтански на Фејсбук.

Според него, причина за намалување на казната од 3 години е тоа што, Судот сметал дека обвинетите биле млади лица и претходно изречената казна од 19 години била превисока.

Бесир Бела (20) и Скендер Демири (21) се осудени во април минатата година при што се задолжени да им платат поединечно на сите членови на семејството на убиениот Саздовски и по околу 15 илјади евра за секого, за нематеријална штета и душевна болка. Во моментот на сторување на тешкото кривично дело тие немале наполнето 21 година, па ја избегнаа доживотната казна затвор.

Реклама

Во судскиот процес тие по обвинението за свирепо убиство на Никола Саздовски се изјаснија како невини. 

За денеска  во 12 часот е закажано и рочиштето за третиот обвинет во овој предмет, Јетон Љужа кој беше во бегство, па фатен од полицијата. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Партиите од владината коалиција се раздружуваат од СДСМ за локалните избори

Next Post

Андов: Порано и не разденуваше во парламентот само за да дојдеме до решение, а сега...

Реклама