Dark Mode Light Mode

Крај на март, почетокот на април – до кога ќе се „растегнуваат“ најавите за вакцини?

Премиерот Зоран Заев денеска со нов термин кога би можела да започне масовната вакцинација во земјава – очекува тоа да е крајот на месецов или почетокот на следниот

За тогаш очекува да стигнат првите количини преку Ковакс – системот, а следната недела и вторите дози од руската вакцина „Спутник В“ со која се вакцинираат здравствените работници.

На 30-ти овој месец во земјава треба да допатува и кинескиот министер за одбрана кој најверојатно ќе даде и попрецизна информација кога ќе пристигнат кинеските вакцини.

Реклама

Во денешната изјава Заев се обиде да ги амнестира од одговорност стратешките партнери на земјава ЕУ и САД кои досега не испратија ниту една вакцина кај нас. За волја на вистината единствени држави кои ни помогнаа барем здравствените работници да добијат вакцина, се Србија со нешто повеќе од 8.000 „Фајзер“ – вакцини и Русија со 3.000 „Спутник В“.

Само да потсетиме дека на почетокот кога се најавуваа вакцините, и земји како Бугарија, Грција, Полска ветија дека ќе ни донираат од нивните набавени контингенти, што до овој момент не се случи.

А и од најавите од нашата Влада дека вакцините „само што не дошле“ исто така нема ништо. А за една недела ќе биде април.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Николовски призна дека се шетал во Дубаи и на граѓаните им упати едно „извини“

Next Post

Прво новинари, па најава за полицајци и бизнисмени: Дали сите ќе се вакцинираме во Србија?

Реклама