Dark Mode Light Mode

Македонец и Русин осудени во САД за компјутерски криминал од 568 милиони долари

Македонски и руски државјанин се осудени на казна затвор за нивните улоги во транснационална операција за компјутерски криминал, одговорна за кражба на 568 милиони долари ширум светот, соопшти Американското министерството за правда.

Сергеј Медведев, 33, од Русија и Марко Леопард, 31, од Македонија, се осудени на десет и пет години откако претходно и двајцата се изјаснија за виновни за криминален заговор пред федералниот суд во Невада.

Медведев е ко-основач и администратор на Инфрауд, онлајн претпријатие кое постоело за да ги збогати своите членови и соработници преку огромен број кривични дела, како кражба на идентитет и финансиска измама, наведува министерството. Тој беше уапсен во Тајланд во 2018 година. Леопард, како што се наведува, дејствувал како администратор на членовите на Инфрауд, помагајќи во продажба на нелегална стока и услуги.

Реклама

Во ажурираното обвинение, Министерството за правда во декември 2020 година објави дека 36 лица биле обвинети за нивната наводна вмешаност во водење на „Инфрауд“. Во него се наведува дека меѓународните органи за спроведување на законот уапсиле 13 обвинети од САД, Австралија, Велика Британија, Франција, Италија, Косово и Србија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

141 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење, 15 без возачка

Next Post

Казнети граѓани: 28 прекршувања на забраната за движење, 369 санкции за неносење маска

Реклама