Dark Mode Light Mode

Чудна стратегија: На врата ќе ни тропнат нови рестрикции, ама и попишувачи

Пандемијата засилува со новиот бран во Македонија. Власта пак засили со нов бран на убедувања дека пописот мора да се спроведе.

Вирусот напаѓа се позасилено, Комисијата за заразни болести по викендов ќе ја анализира состојбата и ќе каже дали ќе има зголемени мерки, зголемен полициски час, скратување на работата на кафулињата… Ама Комисијата не била надлежна за тоа дали требало да се одложи пописот иако пандемијата е силна…

Испадна дека таа можела само да каже дека мора да носиме маски и надвор на отворено, да каже дека досегашниот полициски час ќе треба да трае подолго, да каже дома да не ни доаѓаат гости, да каже…

Реклама

А Владата пак кажува дека Пописот 2021 ќе се спроведе, а гаранција за тоа биле строгите протоколи. Од белата зграда ни порачуваат дека граѓаните и попишувачите ќе бидат безбедни, и оти целиот фокус на Владата бил во таа насока. А сите знаеме дека Владата штом се фокусира…

Значи, ова ли е стратегијата: На врата ќе ни тропнат нови рестрикции, ама и попишувачи?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Контроли на МВР: Двајца возачи не користеле појас, тројца зборувале на мобилен телефон...

Next Post

Апел на РСБСП: Сигурносен појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајки за 50 проценти

Реклама