Dark Mode Light Mode

Променливо облачно со северен ветер, температура до 10 степени

На скопското подрачје времето денеска ќе биде променливо облачно и ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени.

И во останати подрачја од Македонија се очекува променливо облачно, студено и ветровито, на планините со услови за провејување на слаб снег, на југозападот понекаде со слаб дожд. Попладне ќе биде посончево. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час. Утринската температура ќе се движи од -2 до 6, а дневната од 3 до 13 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди, а на планините повремено ќе провејува снег. Утринските температури во четврток и во петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од сабота попладне. 

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Конески- мостот што ги поврзува македонските и руските слависти“: тркалезна маса на руски и македонски јазик на 18 март

Next Post

Петтиот сет економски мерки зариба уште во „лер"

Реклама