Dark Mode Light Mode

Разрешен директорот на струшката болница

Донесена е одлука за смена на директорот на струшката болница Мухамед Асани кој е дел од скандалот со дебарскаат родилка Јилдиз Веапоска на која и беа извадени три органи при породувањето. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција потврди дека донесена е одлука да се разрешување на Асани.

-Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден, рече Филипче.

Родилката Веапоска го обвини Асани за тоа што при породувањето кој тој го изведувал останала без бубрег, матка и јајник. 

Реклама

Инаку, Филипче претходно реши и да формиранова комисија која ќе треба да го разгледа случајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Нема нови рестрикции, ако нема ефекти до крајот на неделата - ќе има нови мерки

Next Post

Институционален Пинг-понг: Комисијата за заразни болести не решава за одложување на пописот, Статистика вели таа е надлежна!?

Реклама