Министерството за внатрешни работи во стан на ул. „Маџари“ по претходна пријава пронашле починато 43-годишно лице.
– На 12.03.2021 во 20,00 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без траги на насилство во стан на ул.„Маџари“. Се работи за И.Ј.(43) од Скопје, соопштуваат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.