Dark Mode Light Mode

Убаво, активисти го ослободија Калето од кубици отпад

Скопската тврдина Кале викендов е ослободена од десетици и десетици килограми најразличен отпад кој со месеци стоел на различни делови од оваа скопска знаменитост. Чистењето го направиле активистите од граѓанската иницијатива „За почиста Македонија“ која е нова неформална организација на граѓаните кои сакаат да помогнат градот и земјава да бидат ослободени од отпадоци. Од јули минатата година, откако се основани, тие имале повеќе различни еколошки акции.

-Овој викенд организиравме чистење на Скопско Кале кое беше затрупано со расфрлан отпад. На самоиницијативното чистење од тврдината извадивме 25 црни ќеси полни со ѓубре (пластични шишиња, конзерви, кеси..) и отпад кој што најверојатно е оставен од вработените кои треба да го одржуваат Скопско Кале. Ние кесите со ѓубре ви ги однесовме до контејнерите кои исто така беа преполни и со расфрлано ѓубре наоколу, додека електричниот отпад, пластичните столици и туби ви ги оставивме да видите како се грижат вработените за чистотата на Скопско Кале. Не барајте човек за пример, бидете еден!, објавија тие на својата Фејсбук страница.

Да се надеваме дека ваквите акции ќе стимулираат и дриги скопјани да станат активисти. Но, пред се се надеваме дека оваа акција ќе разбуди некој од одговорните за чистота во Скопје, но и некој од оние што фрлаат ѓубре каде посакаат.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За државјанство мора да има доказ, а не изјави од сведоци

Next Post

На аџилак само со доказ за вакцинација против ковид

Реклама