Dark Mode Light Mode

Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани уште 36 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден пациент.

Реклама

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 11 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 35 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска

Next Post

Кафеана во Стајковци работела по дозволеното време, приведени 18 лица

Реклама