Dark Mode Light Mode

Сонцево со северен ветер кој ќе ги намали температурите

Утринското сонце го најавува сончевиот ден во Скопје. Метеоролозите велат дека  претпладне сончево време ќе биде пропратено со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

И во останатите делови од Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Реклама

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утре и во понеделник ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени. Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Куќен притвор за 16-годишникот кој прегази човек на пешачки во Скопје

Next Post

За малку вакцините ќе дојдеа во февруари, фрижидерите чекаат...

Реклама