Нема да се зголемува бројот на деца во градинките, a недостигот на места го создаваат оние кои држат место во градинките, а не ги носат децата.
-Според протоколите, 21 300 деца можат да бидат згрижени и да имаат безбеден престој во градинка. Вчерашните сознанија се дека 12 300 деца биле во градинка. Тоа говори за фактот дека повеќе од 9 000 деца согласно протоколите имаат место, но не посетуваат градинка, изјави денеска министерката за труд Јагода Шахпаска.
Таа апелираше до родителите кои имаат друга алтернатива за чување на децата, да ги отстапат местата на оние родители на кои им е неопходно, бидејќи на ваков начин се создава вештачка состојба.