Dark Mode Light Mode

Доживотен затвор за извршителите на петкратното убиство кај Смилковско езеро

Доживотни затворски казни во случајото „Монструм“ денеска се изречени на Алил Демири, Африм Ислаиловиќ и на Агим Исмаиловиќ од страна на скопскиот Кривичен суд за кривично дело тероризам. Освен ова, обвинетиот Фејзи Аризи е осуден на единствена казна затвор од 15 година поради помагање на сторител во вршење на кривично дело, а Хаки Азири на единствена казна од 9 години затвор поради две кривични дела помагање на сторител на кривично дело.

За Сами Љута се одбива обвинението поради откажување на јавниот обвинител на обвинението се до завршниот збор.

Познато е, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово.

Реклама

-По мое видување и чувство овде не се работи за обичен кривично правен настан. Се работи за монструозно садистичко убивање и одземање на животи на деца кои одвај станале полнолетни. Замислете ги чувствата на децата една минута пред смртта, клекнати на колена, истакнал судијата пред изрекување на пресудата.

Инаку, пресудите се изречени во повторениот процес за овој случај кој во 2012 година силно ја потресе македонската јавност. Во првиот процес, сите се гонеа за тероризам и добија доживотни затворски казни. Меѓутоа, кога предметот стигна пред Врховниот суд, тогашната в.д. републичка обвинителка се согласи жалбите на обвинетите да се усвојат и случајот да се врати на повторно одлучување за утврдување на фактичката состојба. Во декември 2017 таква одлука донесе и Врховниот суд.

Тие беа осудени за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на 12 април 2012 година кај Смилковско езеро во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дневна ковид- статистика: 27 нови пациенти примени во Скопје

Next Post

Во Центар се отстрануваат хаварисаните возила, зошто тоа не се прави и во други општини?

Реклама