Dark Mode Light Mode

Поскапуваат горивата

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе поскапат за денар по литар, а за половина денар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена за литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 64,5 денари, а 66 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98. Литар  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  ќе се продава по 55 денари, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 44 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг и сега ќе изнесува 34,759 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, малопродажните цени на горивата во просек се зголемуваат за 1,28 проценти.

Реклама

Од РКЕ зголемувањето на цените го објаснуваат со зголемување на референтните цени на светските берзи во изминатите седум дена, а во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,23 проценти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дневна статистика од Скопје: 10 нови пациенти во ковид-центрите за 24 часа

Next Post

Заев: ЛДП можела да почека за делување самостојно, времето не е соодветно за таква одлука

Реклама