Dark Mode Light Mode

Каде ли брзаат скопјани во недела, па возат многу над дозволеното?

Дел од возачите на македонските сообраќајници вчера се надминаа во непочитувањето на ограничувањето на брзината. Тоа го покажуваат и резултатите од контролата која што ја спровеле полициските екипи на повеќе сообраќајници. Казни за пречекорување на дозволената брзина им се изречени на дури 872 возачи.

-Од вкупниот број казнети, 108 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, се наведува во полицискиот извештај.

На подрачјето на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 39, 11 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни возила за јавен превоз.

Реклама

-Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), пет за некористење сигурносен појас и 16 за непрописно паркирани возила, информира МВР.

Од МВР уверуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пет момчиња се степале на крстосница, двајца завршиле во болница

Next Post

Браво за Марија и Орде: Кога беше најтешко сошивме и поделивме 9.000 маски, ќе шиеме пак ако биде потребно

Реклама