Dark Mode Light Mode

Анкета: Граѓаните на ЕУ најмногу се плашат од сиромаштијата

Намалувањето на сиромаштијата и социјалната нееднаквост повторно стана проблем кој според граѓаните на ЕУ треба да биде политички приоритет по пандемијата на Ковид-19, покажа новото истражување на јавното мислење спроведено за Европскиот парламент.

Речиси половина од анкетираните граѓани на ЕУ (45 проценти) сметаат дека борбата против сиромаштијата треба да биде на врвот на агендата на Европскиот Парламент, покажува најновото годишно истражување на Евробарометар, спроведено во ноември и декември лани.

Тоа е за 17 проценти повеќе од слично истражување една година претходно.

Реклама

Како втор приоритет за европските гражани според анкетата е борбата против тероризмот и организираниот криминал со 35 проценти, а 33 проценти од испитаниците сакаат полесен пристап до квалитетно образование.

За заштита на животната средина и биодиверзитетот како главна задача се изјасниле 32 проценти од прашаните во анкетата.

Екологијата всупност беше на врвот на приоритетите минатите години, но авторите на студијата, сметаат дека ваквата промена на приоритетите на граѓаните е директна последица од пандемијата.

Друга последица од пандемијата е начинот на кој граѓаните ја доживуваат солидарноста во ЕУ, бидејќи анкетата покажа оти за 41 процент од учесниците таа е на врвот на листата на основни вредности што ЕП треба да ги заштити, во споредба со 33 проценти  лани.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Цела недела минусни температури, за викенд дожд и снег

Next Post

Заев за пописот: Дебата е завршена, нема одложување

Реклама