Dark Mode Light Mode

Утре ги добиваме првите вакцини – „мразот го крши“ пратката од Србија

Утре во земјава ќе пристигнат вакцините што ќе ни ги испорачува Србија кои воедно се и првите што воопшто ќе пристигнат во земјава.

Според најавата од Владата, нив ќе ги прими лично премиерот Зоран Заев од српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин „Табановце“.

Пред околу еден месец, Владата ја договори набавката на 8.000 вакцини од контингентот што Србија го набавила за свои потреби, за кои премиерот Заев рече дека ќе ги платиме по поволна цена.

Реклама

Во однос на другите вакцини, Заев, одговарајќи на новинарски прашања, денеска рече дека кинеските вакцини треба да пристигнат кон средината на овој месец, за што денеска ќе се уплати сумата.

Во втората половина на февруари, преку директен договор со „Фајзер“ треба да стигне и првата пратка од 5.850 вакцини, а потоа и од системот Ковакс.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев засега ќе навива за повторна кандидатура на 8 градоначалници, меѓу нив нема ниту еден од Скопје

Next Post

Дисциплинска постапка против 9 лица, двајца се суспендирани во битолската болница

Реклама