Dark Mode Light Mode
Личните документи да ги добиваме по пошта?
„Жан Митрев“ денеска пријави 14 починати од ковид од минатиот месец – шест нови жртви вчера
За пописот почна да се бара нов датум, во мај-јуни или идната година?

„Жан Митрев“ денеска пријави 14 починати од ковид од минатиот месец – шест нови жртви вчера

На „црната листа“ на ковид – 19 денеска се запишани уште 20 лица, од кои 14 починале во текот на минатиот месец на клиниката „Жан Митрев“, додека шест во текот на вчерашниот ден.

Меѓу нив е и 35 годишен пациент од Кавадарци.

Останатите се на возраст од 59 до 83- годишна возраст, од Скопје, Струга, Виница, Струмица, Кавадарци, Крушево, Пробиштип и Радовиш. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Реклама

Министерството за здравство денеска соопшти дека од направени 2.291 тестирања, регистрирани се 350 нови случаи, од кои половината се од Скопје.

Регистрирани се и 266 оздравени пациенти.

Со денешните податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, а на починати е 2.893. Активни случаи се 7.831, од кои  3.972 се од Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Личните документи да ги добиваме по пошта?

Next Post

За пописот почна да се бара нов датум, во мај-јуни или идната година?

Реклама