Dark Mode Light Mode

Димитров: Интерпелацијата за мојата работа е збир од лажни вести

Во парламентот се расправа по интерпелацијата за министерот Никола Димитров. За министерот интерпелацијата за неговата работа е збир од лажни вести и обид за излез од внатрепартискиот хаос преку иницијатива за рушење на Владата и тоа за позиции и одлуки на други држави или меѓународни организации.

– За одлуките на трети држави виновна е македонската Влада, но ако случајно има добра вест од надвор, заслужни сте биле вие. Па и тоа како да не беше доволно за пасионираните колекционери на деманти на вашите зборови, најдовте начин како и Словачка и Чешка да ве прозиваат дека вие ама баш никако не сте придонеле за нивната одлука да застанат на страната на европските принципи. Небаре демантите од земјите членки ви се ордени што ги закачувате во белата палата, а не документиран резил од кој секој би се срамел. Ако не ја сфатите сериозноста во која се доведувате и вие како личности, партијата, но и земјата, ќе останете само она што и бевте – лажни патриоти, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања во своето прво обраќање од собраниската говорница по повод интерпелацијата.

 

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ни А ни Б од Телеграм: Не одговараат на барањата на МВР за „Јавна соба“, граѓаните на протест

Next Post

Зошто преку механизмот Ковакс ќе добиеме вакцини од „Астра Зенека“?

Реклама