Dark Mode Light Mode
Променливо облачно, температура и до 13 степени
По петнаесетмесечно бегство во Софија уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски  
Директорката на Инфективна клиника заразена од корона вирусот

По петнаесетмесечно бегство во Софија уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски  

Во Софија вчера попладне е пронајден и уапсен Игор Спасов, поранешен специjалец кој избегал од затвор каде издржуваше казна за убиството на Мартин Нешковски. Веста ја потврди и македонското Министерството за внатрешни работи откако било информирано од бугарската полиција. По Спасов била распишана меѓународна потерница откако не се врати од боледување на издржување на затворската казна која ја заработи за убиството на Нешковски.

Тој веќе цели петнаесет месеци беше во бегство. Осудениот за убиството на Нешковски е спроведен во притвор,  каде ќе остане до спроведувањето на постапката за екстрадиција во Македонија.

Поранешниот специјалец во македонската полиција Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски. Има одлежано шест години, а од затворот излезе времено поради здравствени причини и не се врати назад во казнено поправната установа во Штип каде ја издржуваше казната, по што беше распишана потерница

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно, температура и до 13 степени

Next Post

Директорката на Инфективна клиника заразена од корона вирусот

Реклама