Dark Mode Light Mode

Многу пратеници многу сакаат да не возат

Патните трошоци на пратениците се голема ставка во буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија. Илјадници евра се трошат, а сето тоа може да се намали и преусмери на понеопходни работи…

Кумановски пратеник од редовите на владечката партија СДСМ дојде на оригинална идеја: кога ќе патува кон Скопје, во своето возило бесплатно ќе прима граѓани на кои им треба превоз до метрополата со цел на тој начин да им „врати“ дел од средствата кои граѓаните ги даваат за пратениците и нивните патни трошоци. Гестот е интересен, но проблемот со патните трошоци на пратениците нема да се реши со тоа што секој пратеник, од различни градови, на ваков начин ќе прима граѓани во своето возило.

Проблемот со високите патни трошоци бара друго решение, а него треба да го изгласаат току истите тие пратеници. Само лани (во јули излезе податок) дека дотогаш пратениците од актуелниот парламентарен состав потрошиле 1,5 милион евра. Најмногу земале оние пратеници кои доаѓале од најоддалечени градови. Најскапо нè чинел пратеник кој патувал од Струга – 47.450 евра, па уште еден од Струга, па оние од Ресен, Делчево, Битола…

Реклама

Значи, проблемот е во високите износи кои се добиваат како надмест за изминати километри со сопствено возило. Во повеќе парламенти во други земји, тој износ е значително помал отколку во македонскиот и тука е начинот, преку промени во Правилникот, да се намалат трошоците. Од „Левица“ дури и побараа патните трошоци на финкционери да се во висина на јавен превоз. Едноставно мора да се намали овој огромет трошок за македонските граѓани.

Само на тој начин, пратениците ќе престанат да не возат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Променливо облачно со слаб до умерен ветер

Next Post

Приведени три лица, во две торби имале 15 килограми марихуана

Реклама