Dark Mode Light Mode

Поднесена кривична пријава за фалсификување исправа

Регионалниот центар за гранични работи – Југ на 29.01.2021 до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Р.Р.(39) од Прешево, Р.Србија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, предвидено и казниво по член 378 став 3, а во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, истиот ден во 06.00 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучка Смоквица, при вршење контрола на патници и возила од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“, бил запрен пријавениот Р.Р., кој управувал патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки. При проверка на возилото било констатирано дека регистарските таблички кои ги користел за возилото потекнуваат од патничко возило „форд галакси“, во сопственост на Л.Д. од Велес.

Р.Р. бил лишен од слобода, а од Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија му е изречена мерка притвор. Возилото било одземено и сместено во кругот на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Турски државјанин повреден при работа

Next Post

Пријава за штипјанка која наместо да седи во самоизолација, пазарувала во маркет

Реклама