Dark Mode Light Mode

Две лица се обиделе преку граница да прокриумчарат стадо

Пoлициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Блато” во соработка и заедничка акција со албански полициски органи вчера спречи криумчарење на ситен добиток.

Како што се наведува во МВР-билтенот, вчера во 11:30 часот во непосредна близина на Граничен камен Е 16/2, на територијата на Република Северна Македонија, биле забележани две лица кои се обидувале да прокриумчарат стадо од 182 грла ситен добиток преку државната граница од Република Северна Македонија кон Република Албанија.

Со заедничка акција со албанските полициски органи лицата се фатени и приведени, а добитокот бил обезбеден.

Реклама

Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО  Дебар и Ветеринарен инспекторат во Дебар, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Хрват, Албанец и Грк фатени со 324 килограми кокаин во Солун

Next Post

Претпладне облачно – попладне и во текот на ноќта врнежи од дожд

Реклама