Dark Mode Light Mode

Претпладне облачно со повремен дожд, попладне претежно сончево

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината во раните утрински часови ќе има слаби врнежи од дожд, а потоа облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на нов влажен бран, утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Променливо облачно со локални врнежи од дожд ќе се задржи до вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зошто во Вевчани не може масенбал, а во Скопје може протести со повеќе лица, без маски и дистанца?

Next Post

До 20 март е отворен конкурсот за илустратори и дизајнери „Современи бајки од Македонија“

Реклама