Dark Mode Light Mode

Оаза среде бетонската пустина: Зазеленува и покривот на „Мавровка“

По Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Домот на градежниците, и покривот на ТЦ „Мавровка“ ќе ззелени. На овој простор се планираат над 40 различни видови садници на вкупна површина од 4.000 квадратни метри, а на проектот ќе се потпише архитектот Бесиан Мехмети.

-Овој зелен покрив, од две причини: прво, да го покажеме нашиот пристап на еднаквост на Градот, и второ, да го замениме зеленилото кое во лудилото на проектот „Скопје 2014“ овде, на оваа микролокација, кај Ректоратот, беше уништено со цел да се изградат и недоизградат овие барокни згради што не се ниту дел од Универзитетскиот кампус, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Зелените покриви во светот се една од мерките за  намалување на т.н. урбани топлотни острови кои воедно даваат можност за развој на вегетацијата и животинскиот свет во урбаните средини.

Реклама

Нашето искуство со вакви локации е скромно – две досега, но од Градот велат дека посетеноста им дава за право како институција да продолжат да вложуваат во овој тип на простори.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Европа кај нас: Што јадат децата во градинките во Карпош?

Next Post

Британска мутација на вирусот сме имале од декември – пациентот е веќе оздравен

Реклама