Dark Mode Light Mode

Владата одлучи: 200.000 кинески вакцини ќе се набават со преговори без оглас

Владата ќе набави 200.000 кинески вакцини по пат на преговарање без објавување јавен оглас, одлучи вечерва Владата на седница.

Одлуката е донесена поради итноста на ситуацијата, и како можност е предвидена во членот 55 (став 1 точка г) од Законот за јавни набавки.

Со денешната одлука, Министерството за здравство може да почне преговори за набавка на вакцината која е на база на деактивиран вирус, кои се очекува да стигнат во земјава на почетокот на следниот месец.

Реклама

Во меѓувреме се очекуваат и 8.000 вакцини од компанијата „Фајзер“ кои треба да стигнат од Србија, а за што деновиве ќе пристигнат документите од седиштето на американската компанија за нивен реизвоз.

До петок (29 јануари) ќе се знае и дали нашата земја ќе биде опфатена во првата испорака на вакцини против ковид-19 преку механизмот Ковакс, од каде Македонија очекува 833.000 вакцини.

Во завршна фаза се и директните разговори со „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за наредните месеци од кои првите 5.850 во февруари, а по 17.500 во март и април.

По првичната испорака во декември лани, речиси сите земји во светот сега се соочуваат со недостаток на дози, поради големата побарувачка која компаниите не можат да постигнат да ја произведат.

Некои европски земји како Хрватска, Чешка и Италија најавија дека ќе ја запрат вакцинацијата, а Полска и Италија соопштија и дека ќе ги тужат компаниите поради неиспорачување на договорените количини.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нема место за паника: Појавата на британската мутација кај нас не е изненадување 

Next Post

Скопјани: Треска е на граѓаните Беџети не е твоја, покажи ни што ќе се гради околу езерото!

Реклама