Dark Mode Light Mode

Петнаесет починати од ковид-19 во земјава за 24 часа, најмладиот на 46 години

Во последните 24 часа во Македонија, 15 лица ја изгубија битката со ковид-19, а регистрирани се 356 новозаразени со корона вирус, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Тоа е нешто помалку од 19 отсто од направените 1906 тестирања, што оди на линија на констатацијата на здравствените власти дека состојбата со пандемијата се стабилизира, имајќи предвид дека бројката на позитивни во однос на тестирани кон крајот на годината достигна и до 38 отсто.

Најмладиот од починатите е на 46-годишна возраст и е од Делчево, додека останатите се од 51 до 82 години од Скопје (петмина) тројца од Тетово и по еден починат од Куманово, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Крива Паланка, Делчево и од Кратово, најголем дел во болнички услови.

Реклама

Најмногу од новите 356 заразени се во Скопје-171, каде има и најмногу активни случаи – 6767 од вкупно 11 676 на ниво на целата држава.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти, најмногу повторно од Скопје-426.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Проверете дали ви се точни трансакциските сметки во УЈП – следува исплата од МојДДВ

Next Post

Не можеле да се контролираат, завршиле во полиција

Реклама