Dark Mode Light Mode

Ќе се засилат контролите, казни и за крадците на шахти и за откупувачите

ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе ги засили контролите низ општините, но и на откупните центри за старо железо, за да се види каде завршуваат украдените капаци од шахти и решетки на сливниците.

Доколку се пронајдат вакви предмети, ќе бидат изречени казни.

Ваквата најава доаѓа откако вчера на булеварите „Илинден“ и 8 Септември“, на велосипедската патека кај Поликлиника Букурешт, кај ГУЦ во Карпош осамнаа отворени шахти.

Реклама

Ова, пред се е опасност за безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот. Поради тоа, веднаш ќе бидат поставени нови капаци на посочените локации.

Најчеста причина за кражба е препродавањето како старо железо. Ако се видат ценовниците, откупот на старо железо е околу 9 денари за килограм, но ако се има предвид дека еден таков капак тежи повеќе десетина килограми, тогаш може да се дојде до солидна заработувачка.

Токму поради ова, пред повеќе години, на сила беше забрана за откуп на старо железо. Но под притисок на откупувачите, забраната беше укината и наместо тоа се воведоа нови мерки.

Тие предвидуваа откупувачот, на лицето кое го предало материјалот парите да му ги исплаќа на трансакциска сметка, бидејќи на тој начин ќе се има евиденција кој го предал и воедно ќе се спречат кражби од диви собирачи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Аман од пироман: Запалени контејнери во Дебар маало

Next Post

Апелите за носење маски „во ветер“ - бројот на казни е константен

Реклама