Dark Mode Light Mode

За една недела градски „пајак“ собрал 168 возила

Во текот на изминатата недела (08.01.2021 – 14.01.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 168 возила од јавните површини, соопшти денеска Градот Скопје.

-Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 139 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, се наведува во информацијата.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 365 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг- услуга. Од нив, 29 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Лани изгореле 70 контејнери, од нив десет беа нови

Next Post

Од понеделник анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“

Реклама