Dark Mode Light Mode

Даштевски: Јас сум најнепартиски член

Првиот човек на новиот состав на Државната изборна комисија Александар Даштевски денеска негираше дека на функцијата е избран поради блискоста со опозициската партија  ВМРО-ДПМНЕ. По денешното давање на свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК тој за својот избор и тоа што доаѓа на предлог на опозициската партија рече дека „изборот е по предлог на партија до избирање“.

-Самиот Закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене – изјави Даштевски.

Тој демантира дека оваа функција ја добил затоа што му помогнал на поранешниот премиер Никола Груевски да добие азил и затоа што актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски исполнува ветувања кон него. На прашањето дали е сигурен во тоа тој одговори: „100 отсто“.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од понеделник анализи на Д-димери и ЦРП во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Драчево“

Next Post

Царовска на средба со СОНК: Синдикатот е важен партнер, заедно ќе ги спроведеме реформите

Реклама