Dark Mode Light Mode

Колку време ќе трепкаат жолто семафорите во Чаир?

Чаирската „црна точка“, местото на улицата пред паркот во населбата на која многу често страдаат пешаци конечно ќе добие семафори. Од Град Скопје информираат дека семафорите ќе се постават најдоцна следната недела, а кога ќе завршеле работите со ЕВН ќе се пуштеле во употреба.

Но прашањето е колку ќе трае тоа? Слична ваква ситуација до неодамна имаше и на булевар „Србија“ во Аеродром, односно во близина на полициската станица кај Лисиче. Семафорите се поставија, но со месеци трепкаа жолто, а се случија и трагични настани. За нив никој од надлежните не одговараше, иако, можеа да се спречат ако семафорите работеа.

-Не се фалете пред време, кога ќе биде готово тогаш треба да излегувате со прес конференции и фалби. А не вака, нема поента да се чувствувате горди за нешто што не сте го направиле, коментираат жители на Чаир и Бутел.

Реклама

Дел од нив не веруваат и дека семафорот ќе биде соодветна заштита заради некултурата на возачите.

-И пет семафори да стават нема да се смени менталитетот на возачите, особено навечер…Тогаш ниту им се гледаат семафори ниту пак сакаат да ги видат, нагласуваат читатели од овој дел на Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шестгодишно девојче го изгуби животот во сообраќајна несреќа

Next Post

МКЦ повикува: Пишете ни писмо со наслов „Драг МКЦ“

Реклама