Dark Mode Light Mode

221 санкциониран возач во Скопје, 58 за преголема брзина

Во акциска контрола во областа на сообраќајот Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на Град Скопје санкционира 221 возач, од кои 58 возеле со брзина над дозволената.

-Од изречените мерки, 15 се за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила, две за управување под дејство на алкохол, 12 за користење на мобилен телефон и четири за поминување на црвено светло на семафор, соопшти полицијата.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе одговара ли некој за тоа што студентите од „Кузман“ се смрзнуваат?

Next Post

Европски сојуз на музички училишта: Сакаме развој на музичкото образование во училиштата

Реклама