Dark Mode Light Mode

Затворена чајџилница во Арачиново, приведен сопственикот

Полицијата вчера по 21 часот во соработка со Државниот пазарен инспекторат затвори чајџилница во скопско Арачиново и го приведе сопственикот заради работење по дозволеното време и голем број на гости во објектот.Како што информиа МВР, полициски службеници од ЕВР, ОКР Гази Баба, Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера во 21:20 часот извршиле контрола во чајџилница во село Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости.

-Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од село Арачиново и тој е приведен во Полициското одделение Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ, соопшти МВР.

Објектот е затворен од инспектори на Државниот пазарен инспекторат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Облачно и дождливо, на планините снег

Next Post

4 милиони евра од судски пресуди, казни и банкарски гаранции во буџетот на Општина Центар

Реклама