Dark Mode Light Mode

Верските лидери со апел до граѓаните да празнуваат одговорно

Верските лидери упатија заеднички апел до граѓаните да празнуваат одговорно и да ги почитуваат мерките.

Поглаварите на црквите и верските заедници споменати во Уставот, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Даријан Сотировски, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Реисул Улема на ИВЗ х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на ЕМЦ  Марјан Димов денеска одржаа работна средба. Поради објективни причини на средбата отсуствувала претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ.

-Со оглед на периодот кој ни претстои верските лидери едногласно апелираат до граѓаните да се придржуваат до сите пропишани мерки за заштита од коронавирусот пропишани од здравствените власти, да не го губат трпението, затоа што во пресрет на имунизацијата одговорноста за контролата над вирусот кај секој од нас е највисока. Да празнуваме одговорно, да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири, освен кога е неопходно, но со доследно почитување на обврската за одржување дистанца и носење на заштитна маска,- се наведува во заедничкото соопштение.

Реклама

Верските лидери се согласиле и во следниот период да се формира група на пријателство помеѓу младите идни верски службеници, свештеници и имами со цел воспоставување на средина за нивно навремено запознавање и соработка.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти

Next Post

Скопјанка обвинета за поседување оружје

Реклама