Dark Mode Light Mode

Му покажале на обвинител дека работи нестручно – поднел оставка, а кај политичарите…

Оваа година биле отворени дисциплински постапки против пет јавни обвинители кои сториле повреди во текот на работењето, откри денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на онлајн средба со новинарите.

Еден обвинител од ОЈО Скопје, кај кого било утврдено нестручно работење, поднел оставка која ја констатирал Советот на јавни обвинители. Донесен е и Правилник за следење на квалитетот на работењето на јавните обвинители и нивното оценување, со што ќе се подобрува квалитетот на работењето. Ќе се оценува работата на секој обвинител посебно, квантитативно и квалитативно, најави државниот обвинител Јовески.

Ова најверојатно е резултат на најавите дека ќе започне процесот на прочистување на македонското правосудство, а кои веќе долго време ги даваат актуелните државни функционери. Министерот за правда Бојан Маричиќ неодамна најави дека е готова методологијата со која ќе се врши причистувањето на судиските и на обвинителските редови. Поинтензивното филтрирање кое ќе го вршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе започне во текот на претстојната година.

Реклама

-Сите оние судии или обвинители кои незаконски постапиле, направиле прекршувања во постапките, намерно ги одложувале или нестручно постапиле ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем, потенцираше министерот за правда.

Најавено е детално проверување на оние предмети кои беа доведени до застареност со одлагање, со ретки рочишта и слично, ќе се проверува имотот на судиите и на обвинителите… 

Но, ова е истовремено и добар повод да се постави прашањето колку пак истото судство и истото обвинителство до сега ја „прочистуваше“ политиката? Односно, да се види колку правосудниот систем ги санкционираше сите оние политичари, носителни на најразлични функции кои ги кршеа законите и ја злоупотребуваа својата функција и моќ. Одговорите што објективно треба да се дадат, сигурно, ќе излезат како добар повод за уште една реформа и прочистување.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

Next Post

Педагошкиот факултет до Царовска: Зошто е потребно вакво брзање со концептот, ова е несистематизиран обид да се внесат големи промени

Реклама